Седница на Комисијата за економски прашања
Собраниската Комисија за економски прашања на денешната седница ги разгледа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони и на Законот за индустриски-зелени зони, и двата по скратена постапка, и одлучи да ги проследи на натамошна постапка.
Со измените, како што образложи заменик министерот за економија Христијан Делев, се прави разграничување на овластувањата во зоните каде е основач Владата и кај оние кои се дадени на менаџирање со договор за јавно-приватно партнерство.
- Со измените на Законот за технолошки индустриски развојни зони се допрецизираат надлежностите на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) и на Владата, односно на Министерството за економија. Со нив дел од овластувањата на ТИРЗ преоѓаат на Министерството за економија, каде субјектите ќе можат да се обратат за одредени работи кои ги бараат од основачот на зоната. Измените се минорни и едноставни и ќе им помогнат на идните концесионери во ТИРЗ подобро да функционираат, рече Делев.
Претседателот на Комисијата Љупчо Димовски прецизира дека со измените на ДТИРЗ и се дава надлежност за издавање на одобренија за градење и за употреба на објектите кои ги градат инвеститорите на земјиштето во индустриските и зелените зони каде основач е Владата, освен за објектите во индустриски-зелени зони за кои е склучен договор за јавно-приватно партнерство и за инфраструктурни објекти во рамки на зоните кои го градат субјектите даватели на јавните услуги коишто се надлежни за изградбата на електроенергетска, водоводна, канализациска, гасоводна и телекомуникациска инфраструктура.
- Се додава и алинеја со која барателот на одобрение има обврска за доставување изјава заверена на нотар со која потврдува дека објектот е изграден во рамките на ТИРЗ и претставува градежна и функционална целина и може да се користи, рече Димовски.
Кај Законот за индустриски-зелени зони, посочи зaмeник министерот Делев, измената е слична.
- Од неодамна ДТИРЗ доби овластувања да менаџира, односно да основа и индустриски-зелени зони. Со измената се разграничуваат ингеренциите каде имаме издавање на дел од тие објекти и на зоната по пат на јавно-приватно партнерство. Се прецизира точно која институција какви ингеренции има, поточно во кој дел е вклучена Дирекцијата, а во кој Владата преку Министерството за економија, рече Делев.
Тоа, како што рече, се прави од причина што во досегашниот период на работа многу од странските инвеститори бараат да бидат надвор од ТИРЗ, бидејќи главна цел им е пазарот во регионот и во Македонија, а доколку се лоцирани во ТИРЗ мора најмалку 90 отсто од производството да им биде наменето за извоз.
- Со измените им овозможуваме на тие инвеститори што сакаат да бидат надвор од ТИРЗ, Дирекцијата да им овозможи пристап во индустриските-зелени зони. Поточно, целата постапка и сет на мерки од издавање дозвола за градба до издавање и менаџирање со објектите се дефинира подетално со овие измени, потенцира Делев.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање