Македонија
9. October 2024 - 8:12

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј предлог-дневен ред, покрај постапувањето по конкретни предмети, се и извештаите од спроведената антикорупциска проверка на легислативата.

Пред членовите на Комисијата е и Решението за запишување на лоби организација во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање, како и Предлог-записникот од 8. седница одржана на 24 јули 2024 година и продолжението на 8-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржано на ден 01 август 2024 година.