Македонија
28. March 2016 - 13:37

Седница на ДИК за текот на теренската проверка

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која треба да биде разгледан Извештајот за прогресот во спроведувањето на теренските проверки на Избирачкиот список.

На седницата, како што информираат од ДИК, ќе стане збор и за можноста за објавување на неконзистентните записи од вкрстените проверки на интернет страницата на Државната изборна комисија, како и за барањата на Мисијата на ОБСЕ, МОСТ и Синергија за набљудување на теренските проверки.