Македонија
22. March 2019 - 8:59

Седница на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница  треба да расправа за предлозите за промена на сопственичката структура на ТРД ГОЛДИ ДООЕЛ, Велес,  за писмено укажување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 61 од ЗААВМУ и за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.

На седницата  ќе се расправа и за резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2018 година и за Предлог-годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.