Седмица на светото писмо од 19 до 26 јуни

Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија и Движењето за организирана духовна обнова на Македонија од 19 до 26 јуни организираат шеста по ред Седмица на светото писмо.
Овогодинашна општа тема, како што информираат организаторите, е „Црквата и светото писмо - сведоци и заштитници на вистината“.
Свеченото отворање ќе биде на 19 јуни (недела) од 19 часот во салата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје каде ќе биде претставена овогодинашната програма на Седмицата, ќе биде промовирана интернет емисијата за православната христијанска вера и духовност „Училиште за животот“, а ќе се проговори и на темата „Црква, мисија, медиуми, општествена активност, можности“.
Од 20 до 23 јуни, како што соопштија организаторите, во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржат серија предавања за „Црквата на живиот Бог, столб и тврдина на вистината“, „За употребата и злоупотребата на Светото Писмо – низ призма на Светото Писмо!“, „За правилното и неправилното разбирање на Црквата – низ призма на Светото Писмо!“ и „Како да ја препознаеме вистинската Црква?“.
Ново на Сител
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
