Балкан
9. December 2015 - 21:22

Сечеле дрво, па уништиле два автомобила и повредиле една жена

Поминував улица, а еден работник ми рече да се тргнам. Една минута подоцна се слушна силен удар, изјавил сведок за хрватските медиуми.
 
Дрво од цреша предизвикало хаос во Загреб. Во вторникот околу 15:30 часот, тројца работници го врзале дрвото за багер, а набрзо се слушнало удар. Тој бил предизвикан откако дрвото паднало на два паркирани автомобили.
Уништени биле два автомобили, полесно повредена била 72-годишна жена, а гранките скршиле и прозорец на стан од првиот кат.
 
Полицијата ги привела работниците Д.П (61), М.М (65) и И.С (35).