Живот
28. November 2021 - 8:40

Себастијан Курц доби син

Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц  вчера стана татко.

Поранешниот канцелар на социјалните мрежи јави дека неговата девојка Сузана  се породила и родила син. „Пресреќни сме и благодарни. Сузана и бебето се добри и со нетрпение ги очекуваме убавите заеднички задачи и нашиот прв Божик во тројка.

Му благодариме на медицинскиот персонал во болницата за срдечната грижа”, напиша Курц на Фејсбук. Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб на ОВП во парламентот, откако минатиот месец поднесе оставка од функцијата канцелар на владата, по истрагата што против него ја отвори Обвинителството за економски криминал и корупција. Неодамна му беше укинат и пратеничкиот имунитет.