Се зголемуваат насадите со малина во Пијанечкиот регион

Во Пијанец се поголем е бројот на овоштари кои пројавуваат интерес за подигање плантажи со малина. Една од поголемите компании кои реши да инвестира во оваа овошна култура е компанијата „Рудине" која има сопствен насад со малина од 15 декари.
За Мирко Гоцевски, дипломиран агроном во компанијата „Рудине", подигањето на овошен насад со малини може да му донесе ммогу бенефити на едно семејство ако почне да се занимава со одгледувањето на ова овошје.
- Ние оваа година подигнавме малина на површина од 15 декари. Ова е идеја која во соработка со кооперанти планираме да ја рашириме меѓу овоштарите во пијанечко-малешевскиот регион. Луѓето во нашиот регион се уште не се доволно запознаени со оваа култура, меѓутоа сметам дека поради тоа што малината има добра цена, семејство кое има добра површина поради добрата цена на малината може добро да егзистира, вели Гоцевски.
Малината објаснува Гоцевски успева на почва на која претходно е направена добра хемиска анализа.
-Се прави анализа на почвата. За да успее малината вредноста на земјиштето не треба да биде пониска од 6,5. Не е проблем дали земјата е песоклива важно е површината да се подготви со ѓубриво, појаснува Гоцевски.
За следната година плановите на „Рудине" се во насока да се нуди сопствен расад со цел популаризација на оваа се уште малку застапена култура во Пијанец, како и едукативни предавања за начинот под кој малината може да даде добар принос за пристојна егзистенција на семејствата кои ќе решат да се занимаваат со одгледување на малина.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
