ОН: Се зголемува бројот на заразени од сида во Русија

По повеќегодишниот константен пад на бројот на новозаболени од вирусот на сида во светот, овој тренд во последните неколку години нагло е запрен, главно заради големиот раст на нови случаи во Русија, покажува денеска објавениот извештај на агенцијата на ОН за сида УНАИДС.
Во документот, сочинет на 286 страници, се проценува дека во периодот меѓу 2010 и 2015 година со вирусот на сида годишно се инфицирале по 1,9 милион возрасни лица.
И покрај намалувањето на распространетоста на оваа епидемија од нејзиниот пик, достигнат во 1997 година, во светот има 36,7 милони лица носители на вирусот на сида, од кои повеќето се во подсахарска Африка, се наведува во извештајот.
За разлика од овие податоци, од 2001 година до сега бројот на заразени деца е опаднат за повеќе од 70 отсто и оваа тендеција и натаму трае.
Целта на ОН е оваа епидемија да ја искорени до 2030 година. Меѓутоа, од 2010 година запрен е трендот на намалување на бројот на инфицирани и дури во некои области бројот на новозаболени тргна да се зголемува.
Во источна Европа и во централна Азија во текот на последните пет години бројот на нови случаи се зголеми за 57 отсто, а од нив 80 отсто случаи се регистрирани во Русија и 10 отсто во Украина.
Од појавувањето на епидемијата, пред повеќе од 30 години, 35 милиони лица умреле од болести поврзани со вирусот ХИВ. Најмногу се погодени хомосексуалците, проститутките и нивните клиенти, трансродните лица, лицата кои се дрогираат со инјекции и затворениците, се наведува во извештајот на агенцијата за сида на ОН.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
