Се зголемува бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци
Се зголемува бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци, а само во последната седмица се регистрирани нови 41 случај со грип, изјави денеска доктор Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Специјалистот епидемиолог Ристе Јовановски, додаде дека вкупниот број на грипозни оваа сезона се искачил на 140 или повеќе од дупло од минатата сезона, кога во овој период од годината во Кавадарци и Росоман се евидентирани 62 лица со ова заболување.
Според Јовановски и понатаму најмногу на удар на грипот е популацијата на возраст од 15 до 64 години.
- Имајќи го во предвид искуството, очекуваме бројот на заболени од сезонски грип да се зголемува сега со стартот на второто полугодие од учебната година. Препорачуваме да се почитуваат превентивните мерки и избегнување на масовни собирања, рече Јовановски.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка