Се зголемува бројот на заболени од грип, регистрирани 2.964 случај
Во текот на изминатата недела (од 5 февруари до 11 февруари) во Република Македонија се регистрирани 2.964 заболени од грип, што е зголемување за 48 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.001 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.
Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување за 7,7 пати на бројот на заболени во шестата недела од годинава.
Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а кај децата на возраст од 5-14 години има 327 случај на 100.000 жители.
Оваа недела најголем број заболени лица 326 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје - Битола, а највисока инциденца 576,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар.
Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, само на подрачјето на подрачните единици во Дебар, Кратово, Ресен, Кавадарци и Македонски Брод се регистрира многу висока активност. На подрачјето на Центарот за јавно здравје Битола и Подрачната единица во Кичево е регистрирана висока активност, на подрачјето на седум центри за јавно здравје/подрачни единици – средна активност, на подрачјето на девет ЦЈЗ/ПЕ – ниска (сезонска) активност, во четири извештајни единици -многу ниска активност на вирусот на грип, а останатите четири извештајни единици оваа недела не пријавиле заболени од грип.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 8.443. Регистрираниот број на случаи е за четири пати помал споредено со истиот период од минатата сезона кога имало 33.883 заболени.
Оваа сезона, досега, најголем број на заболени лица – 1.512 се регистрирани во Подрачната единица Гостивар, потоа следат Центарот за јавно здравје Тетово - 937 и Центарот за јавно здравје Куманово со 834 заболени. Највисока инциденцата од 2.021 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар.
Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката.
Во текот на петтата недела од годинава, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 64 материјали за грип. Од тестираните материјали, 51 (79,7 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – 38 Influenza B (Yamagata), 9 Influenza A(H1N1)pdm и 4 Influenza А – несуптипизиран.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице