-->
-->
Се зголемува бројот на деца позитивни на Ковид-19 во Делчево
-->
Се зголемува бројот на деца кои се позитивни на вирусот Ковид-19. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска информираше дека откако минатата недела 128 деца следеа онлајн настава поради позитивни случаи на Ковид-19, во моментот четири деца се позитивни на вирусот.-Станува збор на семејни заболувања со Ковид-19, кои покрај родителите ги зафатил и нивните деца. Значи имаме вкупно 4 позитивни деца на возраст од 6 и 11 години кои се позитивни на Ковид-19, заедно со нивните родители. Сепак и покрај тоа можеме да кажеме дека за разлика од изминатите недели кога имавме над 20 случаи дневно, во последните неколку дена таа бројка се намалува, истакна Глигоровска.

Од Здравствениот дом напоменаа дека во текот на изминатата ноќ 52-годишен пациент од Делчево со тешка клиничка слика и сериозни проблеми на дишните патишта, починал синоќа во Брзата помош во Делчево, откако одбил пружање лекарска помош и хоспитализирање во некој од блиските кчинички центри.
Во Делчево во текот на изминатите два дена тестирани се 30 пациенти со симптоми на Ковид 19, од кои позитивни биле 9 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
