Македонија
27. January 2022 - 12:23

Се враќа струмичкиот карневал

После две години пауза,  во Струмица повторно ќе се случи карневал, но овој пат само со локални учесници и почитување на ковид протоколите. Според најавите карневалските свечености ќе траат осум дена, а  главното карневалско дефиле е планирано да биде на 5ти март. Според градоначалникот Костадин Костадинов ваква одлука била донесена откако заседавал организациониот одбор  кој констатирал дека  паузата од две години само ќе ги демотивира карневалските групи, а сето  тоа негативно ќе влијае на вековната традиција и заштитниот белег на Струмица.

За време на карневалските денови кои започнуваат на втори и ќе траат до 9 ти март  планирани се голем број од веќе традиционалните, но и нови содржини. Поради пандемијата со корона вирусот карневалот во Струмица паузира веќе две години.  Мината, наместо карневал имаше само симболични манифестации со цел да се задржи континуитетот  и продолжи традицијата, но без вообичаените слики и реките маскирани лица низ улиците.