Се враќа легендарниот велосипед Пони
На поранешниот југословенски пазар популарниот велосипед Пони кој по италијанска лиценца се произведуваше во Словенија, ќе се продава од почетокот на следната година во модернизирана верзија, но со цени кои се проблематични.
Велосипедите ќе се прават во повеќе верзии и од различни материјали, а цената на основниот модел ќе биде 329 евра, додека најскапиот „премиум“ модел со дополнителни компоненти ќе чини 789 евра, објавија словенечките медиуми.
Производството почнува на пролет следната година, но веќе сега можат да се нарачаат. Тие ќе се продаваат од фабриката BTC, а официјално ќе ги произведува фабриката Горе колеса во соработка со Горење од Велење во чии погони и ќе се монтираат.
Концернот Горење, голем производител на домашни апарати, минатата година ги откупи правата на производството на легендарниот Пони велосипед од љубљанската фабрика Рог која пред повеќе години замина во стечај.
Модернизираниот Пони под наслов „Гор колеса“ ќе биде наменет за сите возрасти, а на почетокот купувачите ќе можат да избираат меѓу три модела во 28 различни комбинации. За сега ќе се составуваат од компоненти увезени од Кина, а купувачите ќе мораат на испорака да чекаат неколку месеци, тврди мариборскиот весник „Вечер“.
Во почетокот планот беше да се изработат околу четири илјади велосипеди за да се види како ќе оди продажбата.
Во прв ред се смета на можни купувачи од Словенија, Хрватска и Србија, а потенцијално и на други можни пазари.
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола