Се утврдуваат причините за уривањето на дел од Работничкиот универзитет во Велес
По самоуривањето на дел од зградата на Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ во петокот во кое немаше жртви, СВР Велес работи на откривање на причините несреќата.
Во изјава за МИА градоначалникот на Општина Велес Марко Колев вели дека Одделението за урбанизам и градежништво на Општината му издало одобрение за градба на инвестотор за на тоа место да прави деловен објект.
-Му издадове како што издаваме дозвола на секој кој ќе се обрати до нас.За обезбедување на објектот одговорен е инвестоторот и изведувачот посочи Колев, кој најави дека ќе даде подетално објаснување преку својот и Фејсбук профилот на Општина Велес.
На последната седница на Советот на Општина Велес, во четвртокот, ден пред несреќата, говорејќи за отстранувањето на старата зграда на театарот, градоначалникот Колев изрази стравување дека може нешто да се случи со зградата на Работничкиот универзитет.
–Бев да видам како се изведуваат работите на дислокација на главниот колектор кој минува под пазарот. Бев фрапиран од ископаноста на земјата, на објектот, куќата која е срушена на ќошето и се молам да не се сруши Работнички универзитет, чија зграда е до него. Таму има издадено одобрение за градба. Работевме, се вадеше вода, за да не се поткопа Работнички универзитет, посочи тогаш Колев.
Зградата на Работничкиот универзитет, лоцирана спроти старата велешка гимназија и во близина на Градскиот пазар, потекнува од пред Втора светска војна.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
