Се усогласуваат детали за кратење на часовите и за поддршка на општините

Состанокот помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука за протоколите за реализација на наставата од 1 септември денеска поминал без заклучоци и ќе продолжи утре. Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека се разговара за предлозите за времетраењето на наставните часови и за потребата од измени на законите доколку тие бидат скратени од регуларните 40 во основно односно 45 минути во средно образование.
Одлуката за скратени часови, како што рече, треба да има и правна рамка и да биде усогласена со законите за основно и за средно образование. Измените треба да ги донесе Собранието кое до 1 септември се очекува да биде функционално. Исто така, се разгледува и потребата што би ја имале општините од дополнителна финансиска или друга поддршка за хигиена на училишните објекти, за превоз на ученици односно за спроведување на сите инструкции што ќе ги содржат протоколите. Тие ќе имаат детали за три вида настава во зависност од епидемилошката состојба во одредена средина – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Наумовска посочи дека постојано се во разговори со градоначалници и со директори на училишта за реалните состојби и проблеми, во координација се и со ЗЕЛС, ги добиле и мислењата на синдикатот за образование СОНК. Рече дека ако успеат да ги завршат консултациите, оваа точка може да биде на дневен ред и на утрешната седница на Владата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
