Се уште има забрана за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
Од вчера 11:00 часот (08.02.2022) на патниот правец Тетово - П.Шапка е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси која важи се уште.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, а на некои од повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од екипите на ЈП Македонијапат, информира АМСМ.
Што се оденсува до фреквенцијата интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, се наведува во соопштението од АМСМ.
Ново на Сител
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти
-
Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец
-
Бектеши: Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи
-
Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун