Свет
3. јуни 2018 - 18:45

Се урна авион кај Лонг Ајленд: Двајца мртви, по двајца се трага по океанот

Две лица загинаа и двајца се водат за исчезнати во водата, кога мал авион се урна во Атланскиот океан кај Лонг Ајленд, објави синоќа крајбрежната стража на САД.

Леталото Пајпер PA-31 Навахо, се урна вчера на околу 1.600 метри од Индиан Велс Бич со четири лица во него, наведе крајбрежната стража во соопштението.

Индиан Велс Бич е на Лонд Ајленд, големиот остров на кој се наоѓа Њујорк.

Телата на двајца патници се пронајдени но се трага по уште двајца кои исчезнале во водата, соопштија властите.

Како што се наведува во потрагата учестуваат и Воздушната национална гарда, полицијата и локалните рибарски бродови.

Причината за падот на авионот не е соопштена.