Се уриваат стари објекти во Пехчево за да се изградат нови улици
Се уриваат десетина стари градби кои ја попречуваат изградбата на улиците во Пехчево, со цел да се добијат широки улици и да се изградат тротоари на улиците. Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за стари руинирани објекти или помошни простории кои никој не ги користи.
- Овие објекти ја попречуваа изградбата, а ако ги оставиме, улицата нема да биде безбедна и да го добие планираниот изглед. Исто така, овие објекти и самите претставуваа опасност, бидејќи можеа да се урнат во секој момент. Ние, како општина се договоривме со сите сопственици, да ги отстраниме овие стари објекти и да придонесеме во подобрување на урбаниот изглед на градот. Морам да истакнам дека никој од сопствениците не правеше проблем во врска со старите објекти и нивното уривање, рече Поповски.
Во Пехчево се реализира проектот за изградба и реконструкција на осум улици во градот со вкупна должина од 3 километри. Проектот е вреден 260 илјади евра, а средствата се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, администрирани според правилата на Светска банка. Изградбата на улиците треба да заврши за четири месеци.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите