Се уредува влезот и излезот на град Пробиштип

Агенцијата за државни патишта интензивно работи на проширување на патот кој е влез и излез на Пробиштип, а води кон регионалниот пат кон штипското село Крупиште.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека овој проект, кој заеднички го работат со Агенцијата за државни патишта, ќе овозможи проширување на патот од шест на седум метри, а е на потегот од фабриката за акумулатори до централното градско подрачје.
- Станува збор за должина од околу 1.300 метри, патот ќе биде проширен од досегашните шест на седум метри. Наша обврска како општина е да поставиме ивичњаци од страна на старата јаловишна депонија, вели Тоневски.
Општина Пробиштип во овој проект инвестира пет милиони денари, а со овие средства ќе се гради и пешачка и велосипедска патека, која исто така ќе биде во должина од 1.300 метри.
- Овде ќе имаме поставување на нова пешачка и велосипедска патека што ќе биде на истата должина од проширениот пат. Новата патека ќе биде со ширина од два метри, рече Тоневски.
На новата пешачка и велосипедска патека ќе биде поставено и ново улично осветлување, со кое значително ќе се подобри безбедноста на возачите кои влегуваат или излегуваат од градот Пробиштип, но и на пешаците и велосипедистите кои ќе ја користат новата патека.
Ново на Сител
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
