Се уништува живината во струшко Мороишта поради птичји грип

Околу 3.000 единки живина во струшкото село Мороишта денеска ќе бидат убиени и отстранети поради наод на птичји грип АХ5Н8.
Селото е изолирано, полицијата дозволува влез само за жителите, а на излез се вршат проверки дали некој изнесува живина.
Екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како што информира раководителот на државна инспекција за здравствена заштита на животните Оливер Иваноски, вчера извршиле попис на целата живина во 105 домаќинства, која денеска ќе биде попишана и угината, а сопствениците ќе бидат обесштетени од државата.
Во рамки на акцијата, утре ќе се врши целосна дезинфенција на селото.
- АХВ ја почна акцијата на убивање и нештетно отстранување на заболената живина во Мороишта, бидејќи добивме позитивен наод на птичји грип АХ5Н8, кој е високо патоген вирус и единствена мерка во овој случај е убивање и отстранување на живината. Акцијата се одвива во најдобар ред, имаме соработка од страна на населението. Вкупно 20 екипи работат интензивно и очекуваме дека целосно ќе ја спроведеме, изјави Иваноски.
Според него, не се работи за заразна болест која може да се пренесе кај населението и упати апел до сопстевниците на живина да соработуваат со органите на АХВ и целата живина што ја имаат да ја дадат бидејќи тоа е единствен начин да се справат со болеста.
Тие, како што нагласи Иваноски, вршат мониторинг и во околните села.
- Во моментов имаме прогласено зони од три и од 10 километри. Имаме заштитна зона и зона под надзор од каде земаме интензивно мостри и секаде каде што ќе се утврди присуство на вирусот, ќе ги спроведеме мерките на нештетно убивање и отстранување на живината, изјави Иваноски.
Ново на Сител
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
