Македонија
29. May 2016 - 12:06

Се унапредува македонското здравство: Над 200 милиони евра инвестиции

Се менува сликата за македонското здравство. Во изминатите 10 години во здравството се инвестирани над 200 милиони евра за опрема и реконструкција на постојните, но и за изградба на нови здравстени установи. Се реализираа многубројни инвестиции во најсовремена медицинска опрема, унапредување на здравствената инфраструктура и доусовршување на медицинскиот кадар по примерот на развиените земји во Европа и светот, пишува Лидер.

Освен во Скопје, интензивно се вложува во останатите градови. За една година ќе биде готово новото крило на Општата болница во Струмица. Динамиката оди согласно планираното без очекувања за застој, а увид извршија претседателот на Владата Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

“Неодамна започна доградбата на оваа болница, тоа е една мешавина на градба, реконструкција, монтажа, демонтажа затоашто овој објект започнал да се гради во 80-те години, па застанал. Останал на забот на времето до 2001-2002 кога почна негова понатамошна градба, но поради изборите кои ги загуби ВМРО ДПМНЕ и ги доби СДСМ повторно застана проектот и сега еве повторно продолжува. Извесно дека отприлика за една година до крајот на пролетта и почетокот на летото 2017 ќе заврши овој дел во кој ќе има поголем дел нови одделение. Хируршки, гинеколошки, уво нос и грло, кои ќе бидат од голема корист на сите граѓани не само на Струмица туку и пошироко. Струмичката болница во моментот опслужува 200 до 230 илјади граѓани, па претпоставките се дека кога ќе заврши градбата до 250 илјади граѓани ќе грвитираат тука за здравствени услуги кои не можат да ги добијат во нивните помали места, рече Груевски.

“Во новиот дел кој се простира на површина од 6.500 квадратни метри ќе бидат сместени Ургентен центар и уште осум одделенија, за што ќе бидат инвестирани над 4,5 милиони евра за градежните работи и дополнително од 2,5 до 3 милиони евра за опрема.Од изведувачот на проектот известени сме дека нема посериозен застој. Обезбедивме над 4,5 милиони евра за објектот и Струмица ќе добие една од најсовремените болници во регионот и пошироко со високи здравствени стандарди. Тука ќе бидат сместени гинекологија и акушерство со неонатална интензивна нега што сериозно ќе го зголеми стандардот во оваа насока. Потоа општа хирургија, урологија, трауматологија, ортопедија, офталмологија, оториноларингологија и патологија. Струмица со реконструкцијата ќе добие најсовремен ургентен центар кој ќе се наоѓа на приземјето и ќе биде во функција на сите пациенти кои гравитираат тука. Интервентната кардиологија која веќе е ставена во функција ќе биде дел од целиот овој сегмент, рече министерот Тодоров.

Кои се останатите проекти во здравството?

Основана и успешно функционира Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. За првпат по 50 години во Република Македонија, се основа првата државна кардио-хирургија. Клиниката функционира во комплетно нов простор, на површина околу 750 квадратни метри,
кој содржи две операциски сали, интензивна нега, болнички соби, приемна амбуланта, чекалница и др.Станува збор за вкупна инвестиција од 140 милиони денари. Успешно функционира и проектот Детска кардиохирургија. Од почетокот на функционирањето до крајот на
2015 година во Детската кардиохирургија се извршени речиси 200 кардиохируршки интервенции кај деца. Над 50 проценти од интервенциите се сработени комплетно од македонски тим, а под надзор на амери-канските лекари кои повеќе пати годишно престојуваат во РМ. Во минатото, децата и бебињата кои имаапотреба од кардиохируршки интервенции беа испраќани во странство, што претставуваше дополнителен
финансиски и психолошки товар за семејствата

Изграден објектот на ПЕТ-центарот. Станува збор за најсложен здравствен објект изграден во историјата на
Република Македонија, за кој е обезбедена најсовремена опрема. Дел од опремата е циклотронот за произ-водство на изотопи, со кој ќе се овозможи Македонија да биде прва во поширокиот регион за производствона изотопи. ПЕТ-центаро ќе овозможи примена на најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно следење, лекување, како и следење на успешноста на терапијата. Вкупната инвестиција е вредна околу 16 милиони евра. На 11 декември 2015 година беше пуштенво пробна работа циклотронот во ПЕТ-центарот и со тоа за првпат во историјата на Република Македонијае извршено производство на радиоактивни изотопи наменети за дијагностички цели.

Комплетно нов објект на Детската болница Козле.

За четири месеци во детската болница „Козле“ се примени над 15 илјади пациенти, има раст од 70 проценти на амбулантските прегледи и 35 отсто во хоспиталниот дел. Во новата болница беа вложени околу 7 милиони евра, има капацитет од 210 кревети и 18 амбуланти.

“Порано имавме само 30 деца со мајки, а останатите 110 деца беа без мајка придружник. Сега секое дете е во двокреветна или еднокреветна соба со мајка придружник“ – вели директорот на болницата, Оливер Зафировски.

Објектот е изграден според најновите светски стандарди во оваа област, опфаќа простор околу 6.700 м2, со капацитет од 104 кревети исто толкав капацитет за сместување на по 1 родител како придружба надетето. Инвестицијата е во вредност околу 7 милиони евра. Ова е еден од капиталните проекти за маке-донскиот здравствен систем, имајќи предвид дека оваа установа претходно функционираше во многу стар,веќе дотраен објект, кој датираше од 1965 година.

Нов клинички центар во Штип

Се реализира и најголемиот проект во македонското здравство. Се гради новата клиничка болница во Штип. Новиот објект ќе биде на површина од 34.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна 30 милиони евра, но во опрема ќе се вложат дополнителни 26 милиони евра. Новата болница ќе располага со 350 легла и ќе овозможи беспрекорно лекување на околу 200.000 пациенти од овој дел на земјава.

Центарот ќе биде поделен на 8 нивоа, поврзани со 14 лифтови, енергетски ефикасен. Ќе има и одделение за неврохирургија и онкологија, за психијатрија и за физикална терапија.

„Ова ќе биде највредниот и најголемиот проект во историјата на македонското здравство“ – вели премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, кој потекнува од овој регион.

Новиот клинички центар, според проценките, ќе биде готов за две години. Според податоците на „Мој термин“, лани во штипската болница биле креирани над 180 илјади упати и третирани 57.000 пациенти.

Нови болници за подобра здравствена нега

Изградбата и реконструкцијата на болниците опфати и целосно реновирање на поликлиниката Букурешт, се отвори нова Клиника за гинекологија, се уреди болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“, се изврши реконструкција на Детската клиника, на ГОБ „8 Септември“, во тек на реализацијата е проектот за „Св. Еразмо“ во Охрид. Во тек се градежните работи за целосна реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и траума-тологија „Свети Еразмо“ во Охрид Комплетната реконструкција ќе опфати површина од вкупно 5.623 квадратни метри. Предвидено е да се реновираати да се реорганизираат амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата, и другите дијагностички содржини.Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, како и болничките оддели сооформување тоалети во секоја соба. Исто така, со доградбата на централната стара болничка зграда, пред-
видено е во карабината да се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскулар-ни заболувања.

„Овој капителен објект чини околу една милијарда денари, ќе овозможи примена на најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно лекување, следење, како и следење на успешноста на терапијата. Изградбата заврши, кадарот се обучи, сега е во тек процесот на валидација и очекуваме некаде до крајот на септември или почетокот на октомври да почнеме со работа со пациенти“ – вели Тодоров.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со реализираните проекти се подобри ефикасноста на целиот здравствен систем во земјава.

„Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој го ползуваат пациентите. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален родктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најоддалечените рурални средини“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За набавка на нова медицинска опрема се инвестирани над 100 милиони евра.

Со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во сите делови на Република Македонија, набавен и инсталиран е нов апарат за компјутерска томографија на Универзитетската клиника за нев-рологија. Набавен и инсталиран е нов апарат за компјутерска томографија во Поликлиниката „Јане Сандански“,во рамки на Здравствениот дом Скопје. Нови мамографи се обезбедени за повеќе јавни здравствени установи: Универзитетската клиника похируршки болести „Св. Наум Охридски“- Штип, потоа во Велес, Прилеп, Кочани, Охрид. Вкупната инвестиција изнесува околу 40 милиони денари. Дополнително започнавме постапка за набавка на нови 4 мамографи.

Значаен сегмент, во кој контиунирано се вложува е едукацијата на медицинскиот кадар. Од почетокот на проектот во 2012 година досега вкупно 2084 здравствени работници се едуцирани во врврни медицински центри во странство во голем број различни области, рече Груевски и додаде дека годинава е поставен таргет за 1000 здравствени работници кои се едуцираат во странство.