Се тргаат буквите „Александар Велики“ од скопскиот аеродром
По повлекувањето на сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“, сега се менува и знакот со името на скопскиот аеродром.
Како што може да се види од фотографијата, на терен веќе се работи на тргање на буквите на влезот на аеродромот „Александар Велики“, кои ќе бидат заменети со називот „Меѓународен аеродром Скопје“.
Одлуката на Владата за преименување на автопатот и на аеродромот стапи во сила на 14.месецов, откако беше објавена во ЈП „Службен весник“.
Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.
Сегашното име на автопатот „Александар Велики“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.
Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин