Бизнис
18. October 2016 - 14:15

Се тампонира локалниот пат од Муртино до Еднокуќево

Според Панче Беџовски, советник за план и анализа во Одделението за локален економски развој на општина Струмица, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите за подобрување на животот на граѓаните на целата територија на општина Струмица и меѓуопштинско поврзување.

- Се надеваме дека со подобрувањето на овој пат граѓаните и од двете населени места ќе имаат многу побрза и полесна комуникација, а истиот е и од голема корист за земјоделците од двете села чии ниви се наоѓаат во близина на овој пат, вели Беџовски.

Вкупната инцестиција за овој проект е 1.300.000 денари, од кои општина Струмица од својот буџет издвојува 50 проценти односно 650.000 денари, а останатите 650.000 денари се од Бирото за регионален развој, додава Беџовски.