-->
-->
Се судрија „тојота јарис“ и возило на МВР
-->
Жена е здобила со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје, информира МВР.
„На 18.01.2022 во 22:20 часот било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(23) од Скопје, вработен во МВР и патничко возило „тојота јарис“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „тојота јарис“, Н.Р.(31) од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, соопшти полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
