Македонија
5. March 2019 - 13:24

Се судрија албански мерцедес и товарно возило на патот Градско-Росоман, сообраќајот по една лента

Се судрија возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Во тек е увид на самото место. Едната лента е затворена за сообраќај, а сообраќајот регулиран од полицијата, се одбива по другата лента. Повредени нема, причинета е само материјална штета, појасни Додевски.

Засега не се соопштува повеќе детали за сообраќајката.