Балкан
31. October 2016 - 14:44

Се сруши и падна - Кандидатот за пратеник почина на улица

Случајни минувачи биле шокирани кога здогледале мртов маж на улица, а уште пошокирани кога виделе за кого станува збор. Кандидатот за пратеник во Собранието во БањаЛука и поранешен претседател на Синдикатот на енергетика, Мирко Џукиќ, почина на улица.
 
Несреќниот маж шетал на улица и одеднаш се срушил. Како што пренесува Блиц, случајните минувачи веднаш повикале Брза помош, но му немало спас.
 
- Најверојатно беше инфаркт, само се сруши и падна, вели сведок.