-->
-->
Се снима ново продолжение од култниот „Паркот Јура“, излезе првиот трејлер
-->
Сценаристот на „Паркот Јура: Пропаднато кралство“, Колин Тревороу на Твитер објави куса снимка од новото продолжение на филмот „Паркот Јура“, чија премиера е закажана за 22 јуни 2018 година.
Тоа е прва објавена снимка од филмот, на која глумецот Крис Прат игра со мало диносаурусче.
- Очигледно, кога немате вистински диносауруси, ангажирате луѓе да ги глумат. Но, ги обожуваме механичките кукли. Му даваат душа и реалност на сето тоа. Се обидуваме да најдеме рамнотежа меѓу механичките кукли и компјутерските анимации, нагласи сценаристот во коментар.
Претходното, четврто продолжение на филмот „Паркот Јура“ најмногу беше критикуван поради „прекумерните компјутерски анимации“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение