Се скарале па со нож му нанел 20 убоди, ги измил рацете од крвта и заминал
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
На 29 декември, во напуштен објект на улицата „1737“ во Скопје, по вербална расправија, осомничениот со умисла на свиреп начин лишил од живот едно лице. Со оштетениот се сретнале во Градскиот трговски центар и тргнале во правец кон т.н. „Адвокатска улица“. Во напуштениот објект започнале да се караат, па осомничениот од џебот извадил нож со кој на оштетениот му задал повеќе од 20 убоди во телото.
Поради сериозноста на повредите оштетениот починал, а осомничениот ги измил рацете и си заминал од местото на настанот.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак