Бизнис
8. August 2019 - 16:42

Се шири скандалот со измамникот кој лажно се претставува, измамил и две компании членки на ССК

Првите луѓе на Сојузот на стопански комори се запознаени со случајот на измамени граѓани, сопственици на фирми. Велат дека до нив првите известувања стигнале пред месец и половина и тоа не од истокот, туку од нивните колеги од комората на северозападна Македонија, по што тие испратиле циркуларен маил до сите свои членки да не наседнат на измамата.

-Се работи за човек фактор, кој само го користи името на ГЕМАК. Ние нашите членки ги известивме можеби и пред повеќе од месец и половина- изјави Габриела Кулебанова, потпреседател на ССК.

Тие знаат за две измами на свои членки од страна на лицето кое се претставува под лажно име како Владимир Николовски. Исто така, откриваат дека вистинскиот идентитет на измамникот им е добро познат и ним и на органите на прогонот, но се уште останува не јасно зошто истрагата тапка во место, а сторителот не е приведен пред лицето на правдата.