Живот
11. April 2021 - 19:01

Се роди прстенопашест лемур во скопската зоолошка градина

Денеска во скопската зоолошка градина се роди бебе лемур, оваа вест ја споделија од зоолошката градина на фејсбук. 

„Неделна радост во Скопје Зоо - Имаме бебе лемур

Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2200-2400 лемури.

Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот.

Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.

Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.

Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“, напишаа на фејсбук страната на Скопје Зоо.