-->
-->
Се реконструира СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка
-->
Од почетокот на летото започнаа низа реконструктивни активности во СОУ „Ѓорче Петров“, во Крива Паланка. Станува збор за реконструкција на училниците и спортската сала, соопштуваат од училиштето.
-Моментално се врши реконструкција на четири училници, при што стариот под ќе биде заменет со топол под. Ќе се изврши и замена на столаријата, а старата ламеприја ќе биде извадена. Исто така, ќе се обноват и ѕидовите со цел да се намали влагата, изјави директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски.
.
Тој потенцираше дека компјутерската инсталција ќе биде вклопена во ѕид со што ќе се обезбеди поголема сигурност на учениците и вработените.
Реконструкција се врши и во спортската сала, каде што кривопаленечките средношколци ќе имаат подобри и посигурни услови за спортски активности во следната учебна година.
За овие инфраструктурни активности се обезбедени средствата од буџетот на училишето СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка