Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за транспорт и за локална самоуправа, Александар Николоски и Златко Перински, како и в.д. градоначалникот Дејан Митески, попладнево извршија увид на градежните работи на скверот позади трговскиот центар „Капитол“ во општина Аеродром. Проектот е финансиран со владини средства во износ од 45 милиони денари.
- Станува збор за нова урбана површина од 4.500 метри квадратни што ќе опфаќа нови плочки, зеленило, урбана опрема, хидроизолација и еден простор каде аеродромци ќе може да уживаат. Ова е прв од осумте проекти што ги добивме како поддршка од страна на Владата. Како Општина Аеродром, добивме средства од првиот повик - 3,4 милиони евра што се многу значајни за развој на инфраструктурата во општината. За тоа сме искрено благодарни. Веќе работиме на изработка на проекти за вториот повик, што го очекуваме во наредниот период и се надевам во текот на летото, Аеродром ќе доживее една голема трансформација, рече Митески.
Во изјава за медиумите и Перински изрази задоволство од денешниот настан.
- Ова е еден од осумте проекти што Општина Аеродром ги доби при апликацијата во првиот јавен повик и навистина сум му благодарен на Дејан за подготвеноста да ги искористи овие средства, што Владата, преку централниот буџет, им ги стави на располагање на сите општини. Ова е само доказ дека оваа влада, предводена од претседателот Мицкоски, навистина е партнер на локалните самоуправи. Така почнавме и така ќе продолжиме, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на живеење на сите граѓани, подвлече министерот за локална самоуправа.
Премиерот рече дека е убеден оти местото ќе изгледа многу поубаво за кратко време. Истовремено, Мицкоски го најави и вториот повик за општините, чија вредност, како што рече, ќе била поголема.
- Продолжуваме и понатаму. Во оваа недела очекувам да го распишеме вториот повик, што ќе биде малку поголем во вредност од првиот. Ако првиот беше до шест милијарди денари, овој ќе биде до 15 милијарди денари. Ги повикувам општините да подготват апликации, ќе има малку поширок период за аплицирање, ќе трае до 30 април. За разлика од првиот повик, во овој, вториот, малку се олеснети условите во смисла на аплицирање, односно сите оние општини што поседуваат проекти со обезбедени документи за објавување јавен повик, за тендерирање ќе може да аплицираат, па во меѓувреме да го решаваат и оној дел поврзан со дозволата за градба, појасни премиерот.
Тој рече дека смета оти и вториот повик ќе биде успешен и посака уште многу убави градби во иднина.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница