Се реконструира регионалниот пат Штип-Карбинци
Почна реконструкцијата на регионалниот пат Карбинци-Штип во должина од над 400 метри. Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов денеска информира дека инвестицијата чини седум милиони денари, а средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку Програмата за работа на ЈП „Македонија пат“.
Замената на старата коцка со асфалт, според него, значително ќе ја подобри сообракајната комуникација на жителите од општина Карбинци.
- Тоа значи дека од денеска граѓаните ќе заштедат на време за исполнување на своите секојдневни обврски патувајќи по овој регионален патен правец. Најважно е што замената на старата гранитна коцка со асфалт го решава проблемот со со брзата амортизација на возилата, вели Минов.
Асфалтирањето на регионалниот патен правец и решавањето на деценискиот проблем го поздравија и жителите на Карбинци
Минов информира дека во тек е и асфалтирање на патот до карбинското село Вртешка.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ