Се реконструира објектот на тетовската пожарна
Деновиве започна да се реконструира објектот на Територијалната противпожарна единица во Тетово. Се работи на промена на подот во целиот објект, поставување нова термоизолација на ѕидовите, менување на сите прозорци и врати, обнова на тоалети, промена на инсталациите за електрична енергија, бојадисување и слично.
Командантот на пожарникарите, Ука Алити истакна дека објектот наскоро ќе ги има потребните стандарди за работа и престој, нешто што се очекува во пожарната со децении.
-Пожарникарите барале да се подобрат условите до локалните и централните институциите но досега барањата не биле земени предвид. Триесет години не е удрено ни клинец во објектот. Конечно постигнавме да се подобрат условите за работа и престој во нашиот објект. Ние и покрај лошите услови тука во објектот, никогаш не бевме демотивирани туку напротив постојано се обидувавме да дадеме се од себе при гасење на пожари, помагање при природни непогоди, сообраќајни несреќи и друг вид помош на граѓаните при некоја потреба, изјави Ука Алити.
За реконструкцијата Општина Тетово во јануари 2021 склучила договор со фирма од Мала Речица, а вредноста изнесува три милиони 272 илјади 977 денари или над 53 илјади евра. Се очекува работите да бидат завршени за два месеци.
Ново на Сител
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции