-->
-->
Се реконструира делница од Возарци кон ХЕЦ „Тиквеш"
-->
Се реконструира делница од патот од кавадаречкото село Возарци кон браната ХЕЦ „Тиквеш", а увид во работите на терен денеска направи градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
Активностите се дел од редовната општинска комунална изградба.
Според Панов, ревитализацијата е значајна за сопствениците на над 2,5 илјади викендички во викенд населбата покрај Тиквешкото Езеро, но и за развојот на алтернативниот, планинскиот и езерскиот туризам.
Градоначалникот информираше за финансиите кои преку Европската комисија се донирани во Кавадарци во висина од 260.000 евра и за проектите кои влегуваат во таа финансиска конструкција.
- Одговоривме на неколку барања на жителите од урбаните и месните заедници. Во договор со неформалната месна заедница на викенд населбата, изготвуваме и урбанистички планови. По нивно завршување, подготвени сме да пристапиме и кон асфалтирање и уредување на патната инфраструктура во населбата, информира Панов и додаде дека на Тиквешко има убави куќи со голема вредност, понекогаш поголема и од таа во градот.
Согласно проектот, се работи на коловозна лента широка 5,5 метри. За оваа намена Општината ќе потроши четири милиони денари. Парите се обезбедени со договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската комисија меѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп