-->
-->
Се развела од својот син па се омажила за својата ќерка!
-->

Мајка и ќерка од Оклахома се уапсени и притворени откако е откриен нивниот инцестуозен брак.
Патриша Ан Спан (43) и Мисти Велвет Даун Спан (25) се венчале на 25 март оваа година. Во брак биле се до август кога на виделина излегла мрачната тајна при истрага на Центарот за социјална работа кој вршел проверка на состојба на децата кои живеат во нивниот дом во Данкан.
Мајката претходно, веќе била во брак со својот син Џоди Калвин Спан. Се ожениле 2008, а се развеле по барање на синот во 2010.
Патриша на инспекторката кажала дека со синот немале секс, и дека се омажила со него за да спречи регрутирање во војска.
Според изјавите од полиција, Мисти и нејзините двајца браќа биле чувани од нивните баба и дедо, од страна на таткото па Патриша изгубила старателство.
Кога семејстовто повторно се соединило, како што рекла Патриша на полицијата, веднаш се заљубила во нејзината ќерка.
Не мислела дека го крши законот бидејќи во матичната книга на родените на нејзината ќерка не пишува дека таа и е мајка.
Мисти и нејзините двајца браќа во полиција кажале дека нивната мајка манипулирала со нив и ги убедила на брак.
Патриша и Мисти се изведени пред суд каде дале изјави дека не се чувствуваат виновни.
Според законот во Оклахома, брак со блиски роднини се смета за инцест независно дали имале односи за време на бракот па според тоа на Патриша и Мисти им се закануваат затворски казни до 10 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
