Се разведува Борис Џонсон
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон се разведува од сопругата Марина Вилер со која беше во брак 25 години.
Двајцата во заедничкото соопштение наведуваат дека веќе извесен период живеат раздвоени и дека неодамна бил покренат процес за развод. Според британските медиуми, причината за разводот е ново во серијата неверства на Борис, кој досега неколку пати се разделуваше од сопругата за подоцна да се помират.
- По 25 години брак, пред неколку месеци одлучивме дека е најдобро да се разидеме. Се договориме да се разведеме и овој процес е во тек. Како пријатели ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите четири деца, стои во соопштението на Џонсон и Вилер.
Тие потенцираат дека во иднина нема да ги коментираат информациите за овој случај.
Ново на Сител
-
Вучиќ и Вучевиќ ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата
-
Албанија нема да учествува на доделувањето Нобелова награда за литература во Стокхолм
-
Арачиновец грабнал девојка од селото
-
Скопјанец прободен со нож и оставен на улица
-
Пукање во Скопје – полицаец итно префрлен во болница
-
Две лица физички нападнати во Скопје
-
Намалена видливост на неколку патни правци
-
ЈО отвори предмет за објавените аудио записи на социјалните мрежи