Се расипал замрзнувачот во англиска клиника, уништени стотици вакцини

Се стравува дека стотици дози од вакцината против Ковид-19 пропаднале откако се расипал замрзнувачот во една англиска клиника.
Клиниката во Нортемптоншир чувала 975 дози вакцини на Ффајзер, која мора да се чува на минус 70 степени, пренесува Дејли Меил.
Клиниката функционира како главен центар за вакцинирање на избрани лица постари од 80 години.
Некои пациенти ја примиле дозата во средата, на 16 декември, но други требало да ја примат во четврток и петок на клиниката, која работеше 12 часа на ден.
Но, во четвртокот, на пациентите им било кажано дека вакцината повеќе не е достапна. Не е јасно колку дози се изгубени.
Ова доаѓа откако поранешниот министер за здравство Џереми Хант предупреди дека достапните дози на вакцината Фајзер ќе бидат потрошени во јануари, а новата пратка треба да дојде до март, што значи дека програмата за вакцинација можно е да запре.
Портпарол на компанијата Фајзер одговори дека новите пратки на вакцината ќе пристигнат пред март, „на почетокот на 2021 година“.
Повеќе од 140.000 Британци веќе ја примија вакцината на Фајзер/Бионтек, откако беше одобрена во таа земја на почетокот на овој месец.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
