Се расчистува снегот во Кумановско

Во текот на ноќните часови во Куманово е интервенирано на улиците и булеварите, како и на надвозниците и мостовите. Локалните патни правци се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато.
Како што соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски, за чистење на сенгот се користени четири соларки и камиони со ножеви, а веќе е пристигнат и уште еден шлпер со сол.
- Се расчистуваат и поголемите наноси од снег кај Којнаре, Четирце, Тромеѓа и Орашац, изјави Дамјановски и додаде дека чистењето на улиците ќе продолжи и денеска.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека снабдувањето со електрична енергија е редовно, а сообракајот на сите патни правци се одвива отежнато во зимски услови.
Во општина Старо Нагоричане, според Дарко Митровски, одговорно лице за заштита и спасување, екипите на компанијата ангажирана за зимско оддржување се на терен, но поради обилните врнежи од снег и поради ветерот на одредени места има наноси. Во текот на денот ќе се преземат дополнителни напори за да се расчистат патиштата, а можеби ќе се побара помош и од надлежни институции.
Во општина Липково во моментов се расчистуваат локалните патни правци, информираат од Општината и додаваат дека нема проблеми со снабдување со електрична енергија, но има наноси од снег на патните правци кон поодалечените планински села. Во текот на денот ќе се преземат мерки за нивно расчистување.
Ново на Сител
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
