Се расчистува инцидент меѓу родител на ученик и наставник во училиште во Кочани
Надлежните општински служби преземаат мерки за расчистување на инцидент што се случил во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани меѓу родител на ученик и наставник.
Од локалната самоуправа на Кочани информираа дека се во тек со случувањата поврзани со немилиот настан што се случил на 16 октомври, а во кој биле загрозени безбедноста и здравјето на наставник од одделенска настава.
– Како единица на локалната самоуправа со одредени надлежности во образованието, преку Одделението за јавни дејности ги преземаме сите соодветни мерки. Во функција на целосно расветлување и постапување по случајот се одржуваат средби на стручни служби од Полициската станица, Центарот за социјални работи, Државниот просветен инспекторат и други институции. Остро реагираме против насилството во образованието, даваме целосна поддршка на сите надлежни во решавањето на случајот и повикуваме ваквите немили настани да не се повторат, се вели во пишаното известување од Општина Кочани.
Родител на ученичка во четврто одделение, придружуван од уште две лица, упаднал за време на часовите и насилнички се однесувал кон наставникот. За настанот веднаш била известена Полициската станица во Кочани, по што полициска екипа дошла во училиштето, го повикала родителот на информативен разговор и го задржала во текот на денот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање