Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
Осум лица од Битола, Кичево и Велес денеска се приведени, а извршен е и претрес на една локација во Велес во рамките на истражната постапка за предметот „Адитив“ со што е проширена постапката под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, информира Јавното обвинителство.
- Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои првоосомничената се товари и за кривично дело „злосторничко здружување“. На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Воедно, во предметот покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица опфатено е уште едно правно лице чиј сопственик и управител е првоосомничената, соопшти ОЈО.
Ценејќи дека се исполнети условите, се вели во соопштението, Обвинителството до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе предложи мерка притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за останатите осум осомничени, додека за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување на присуство.
Во меѓувреме, на предлог на Обвинителството дополнително се замрзнати 22.399.953 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000 денари.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Протестите се можност за опозицијата која сака да ја отцепи Војводина
-
Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
-
Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани
-
ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот
-
Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов
-
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД