Се продолжува периодот на престој на странци

Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со неа се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој.
Од МВР информираат дека периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.
– Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението, стои во денешното соопштение од МВР.
Имајќи предвид дека во наредните месеци се очекува постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, од МВР им укажуваат на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.
Ново на Сител
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
-

Мицкоски: Во март значаен раст на индустриското производство од 3 проценти, двоцифрен кај трговијата на мало
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство
-

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени, се додека кај нас има структури подготвени да коленичат пред бугарските власти
-

Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на горивата, не се планира ново намалување на ДДВ за дизелот
