Се продава возилото во кое беше убиен Ноториус БИГ
Возилото во кое беше убиен еден од најзначајните рапери на сите времиња Кристофер Волас, попознат како Ноториус БИГ, се продава за 1,5 милиони долари.
Зелениот Џенерал моторс субурбан од 1997 година, бил купен на аукција во октомври 1997 година, а неговата сопственичка ја дознала неговата историја дури во 2005 година.
Таа вели кога го купувала барала возило за шестчлено семејство, а не ги забележала дупките на вратата од совозачкото место низ која беше убиен раперот, бидејќи полицијата ја земала како доказ и ја заменила со нова. Раперот беше убиен на деветти март 1997 година во Лос Анџелес.
Сопственичката која досега има поминато над 183 илјади километри со возилото решила да го даде на продажба преку аукциска куќа, откако забележала дека за 1,5 милиони долари се продава автомобилот во кој беше убиен Тупак Шакур во септември 1996 година.
Полицијата во случај да се продаде возилото на Ноториус БИГ ќе ја врати оргиналната врата.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп