Се пробива трасата до Крупиште за експресниот пат Штип-Кочани
Во тек е првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани во должина од 23 километри, кој се очекува да биде завршен за две години. Се работи на пробивање на трасата од Штип до Крупиште со оглед дека тоа е целосно нов пат. Широчината на патот ќе изнесува 12 метри и ќе има по две ленти во двата правца.
Увид на градежните активности на оваа делница денеска направи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беше информиран дека инвестицијата за овој пат првично била проценета според проектираните на 50 милиони евра, но поради остварени заштеди во првата фаза од изградбата се проценува дека неговата вредност би можела да достигне до 40 милиони евра.
- Оваа делница беше дел од ветувањата во партиската програма потоа стана дел и од владината програма. Таа покажува дека не се гради само до Штип, туку и од Штип до Кочани, и од Штип кон Радовиш. Од Радовиш до Струмица веќе има убав пат кој го направивме во првите години од доаѓањето во Владата, а целосно се реконструира и патот од Кочани до Делчево кој треба да заврши годинава. Така што, источна Македонија добива сериозна инфраструктура, рече Груевски.
Според градоначалникот на Штип Илчо Захариев овој целосно нов пат ќе значи меѓу другото и привлекување нови инвестоции бидејќи минува во близина на новата индустриска ТИРЗ зона кај Три чешми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?