Македонија
29. October 2019 - 12:12

Се преврте трактор со цистерна кај Долно Соње, возачот загинал на самото место

Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„7“ во с.Долно Соње, скопско, трактор „масеј фергусон“, со скопски регистарски ознаки, кој влечел приклучно возило – цистерна, без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(62) од с.Долно Соње, скопско, излегол од коловозот и се превртел.

Од здобиените повреди И.Т. починал на местото на несреќата.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.