Македонија
13. February 2019 - 17:39

Се преврте автобус полн со патници на автопатот Скопје-Тетово, има повредени

На автопатот Скопје-Тетово се случил собраќајна несреќа.  На автобус полн со патници му пукнала гумата, по што ја изгубил контрола и се превртел на автопатот.

Според првичните информациите има десетина патници кои се повредени, но уште не се знае дали имаа загинати. Во секој момент се очекува брза помош да стигне на самото место.