Џет-Сет
5. December 2015 - 17:39

Се породи Ким Кардашијан

Старлетата со раперот ја има ќерката Норт, а неодамна изјави дека бременоста воопшто не и годи.

Ким Кардашијан Вест и нејзиниот сопруг Канје Вест станаа родители по втор пат.

ТВ ѕвездата потврди на својот официјален сајт дека се породила денеска.

-Канје и јас му посакуваме добредојде на нашето момче, стои во пораката објавена на страницата. Мајката и синот се чувствуваат добро, пишува во продолжение, а името на детето се уште не е познато.

Ким и Канје ја имаат ќеркичката Норт.