Се појави огромен кит на крајбрежјето во Далмација
Во последните неколку месеци китовите беа снимeни неколку пати во Далмација, а последниот беше забележан во текот на изминатите денови околу Пелешац, јавуваат хрватските медиуми.
Китот бил снимен во близина на Пелешац во неделата наутро во неколку наврати, кога се претпоставува дека заскитал и се обидувал да најде излез до отвореното море.
„Тој дојде од исток. Бил виден во Дингаш, Подобуќ, а потоа се појавил на околу 400 метри пред заливот Пратеница во Поступ“, рекол мажот кој успеал да направи неколку фотографии.
Врз основа на снимките, експертите утврдиле дека станува збор за кит, ист вид што бил забележан околу Вис за време на пролетта. Пред две години, телото на мртвиот кит е пронајдено во околината на Ложињ.
Китот перајар е најблизок роднина на синиот кит и е веднаш зад него по големина. Во просек, тие се долги околу 20 метри, горната страна на неговото тело е сиво-кафеава, а стомакот е бел. Најлесно е да се препознае по асиметрична боја на долната вилица, каде што десната страна е бела, а левата страна е темна.
Перајарите пливаат побрзо и подлабоко од повеќето други големи китови. Тие живеат во сите светски океани. Тие обично ги поминуваат летата во поларни или умерено ладни води, а во зима се префрлаат на умерено топло и тропско море.
Поради нивната брзина и големина, до крајот на 19 век, луѓето ретко успеале да уловат ваков кит. Меѓутоа, како што се развивале средствата за лов и едрење, луѓето почнале да ловат, така што овој вид кит исто така станал загрозен.
Ново на Сител
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда
-
„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување