-->
-->
Се појави новата баба Ванѓа на Балканот – кај Марина од Лесковац се чека по три дена за сеанса
-->

За Марина малку се знае, освен дека е жена во четириесеттите години и дека своите натприродни моќи ги открила пред 15 години. Оние кои биле кај неа велат дека штом ќе го види човекот, му поставува дијагноза, а потоа за кратко време го лекува.
-Пред куќата на Марина секојдневно во шатори кампуваат стотина, а некогаш и илјадници луѓе. Услов да ги прими е една ноќ да преспијат пред нејзната куќа, а многу од нив преспиваат и по две-три ноќи. Наутро некој од нејзините домашни излегува и им дели бројчиња на луѓето. Потоа тие по тој распоред влегуваат во нејзината куќа. Таму таа ги прима во соба преполна со икони-велат мештаните на Мијајлица, кои се уверени во нејзните исцелителни моќи.
-Штом го види човекот, Марина веднаш му кажува што му е. Непогрешиво ја погодува дијагнозата, по што препишува терапија. Нема ниту еден што не го излечила. За возврат не бара ништо,нема тарифа, туку кој колку даде.Кај неа доаѓаат луѓе од цел Балкан. Ги лечи и оние кои не доаѓаат лично, доволно е преку некого да испратат фотографија- уверуваат соседите на Марина.
-Оваа жена не е врачара туку вистинска ислецителка. Кога ќе дојдете кај неа како да сте дошле на психолог. Ве ослободува од стравот, ви дава надеж. Знам жени кои не можеле да родат, а откако дошле на сеанса кај Марина, родиле две деца. Многу луѓе кренала на нозе- изјавил еден Бугар, кој се уверил во моќите на Марина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид